Левиот бек на Куманово, Тоше Ончев, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 4. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.
Велешанецот беше меѓу најзаслужните за триумфот на гостинскиот натпревар против Радовиш кој беше важен во битката за опстанок во елитната конкуренција.
Тој освои 43% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Иван Ангелески од Прилеп кој освои 32% од гласовите.
Номинирани за МВП на 4. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига беа уште и Иван Џонов, Урош Митровиќ, Ален Ќосевски, Петар Маркоски и Тилен Стрмљан.

























