МВП НА 3. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА – ИВАН ГАЛЕВСКИ (АЛКАЛОИД)

Голманот на „сино-белиот“ тим од Автокоманда, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 3 коло од Супер машката лига.

Галевски имаше одлична партија на дуелот во Автокоманда против шампионот Еурофарм Пелистер и беше меѓу најзаслужните за ремито.

Битолчанецот освои 59% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше членот на Бутел Скопје, Димитар Узунчев, кој имаше 37% од гласовите.

Номинирани за МВП на 3. коло од Супер машката лига беа Давор Палевски, Виктор Јанковски, Филип Кузмановски, Ненад Белистојаноски и Петар Цветковски.