Левиот бек на Куманово, Омар Мамду Радван, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 3. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.
Египетскиот интернационалец беше меѓу најзаслужните за триумфот на домашниот натпревар против Еурофарм Пелистер 2, кој беше важен во битката за опстанок во елитната конкуренција.
Тој освои 54% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Алем Хаџиќ од Еурофарм Пелистер кој освои 21% од гласовите.
Номинирани за МВП на 3. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига беа уште и Томислав Квастек, Урош Митровиќ, Ненад Костески, Димитар Димитриоски и Бојан Солев.


























