Членот на Тиквеш, Јован Даневски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на последното коло од регуларниот дел во Супер лигата.
Младинскиот репрезентативец на натпреварот против велешани одигра на солидно ниво и погодуваше кога беше најпотребно.
Даневски освои околу 30% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше членот на Бутел Скопје, Филип Николов, кој доби 26%.
Номинирани за МВП на 22. коло од Супер лигата беа уште Милан Лазаревски, Мартин Ивановски, Александар Стојаноски, Цветан Кузманоски и Игор Чиселиов.