Членот на Охрид, Наум Костов, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 20. коло од Супер лигата.
Охриѓанецот беше лидер во триумфот над Куманово и зад своето име запиша десет погодоци.
Десното крило освои околу 44% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше младиот Дамјан Митев, кој освои околу 38%.
Номинирани за МВП на 20. коло од Супер лигата беа уште Бојан Блажески, Дејан Манасков, Ашраф Маргели, Томислав Квастек и Ловро Јотиќ.