Кружниот напаѓач на Вардар, Кристијан Анастасовски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 2 коло од Супер машката лига.
Анастасовски имаше одлична партија на гостувањето кај Еурофарм Пелистер 2 и меѓу најзаслужните за триумфот.
Вардарецот освои 45% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше членот на Бутел Скопје, Благојче Трајкоски, кој имаше 29% од гласовите.
Номинирани за МВП на 2. коло од Супер машката лига беа уште Игор Ѓорѓиев, Предраг Вејин, Рудолф Хекбарт, Дејан Кукуловски и Димитар Димитриоски.