МВП НА 2. КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА – ХРИСТИ БИКОСКИ (ПРИЛЕП)

Членот на Прилеп, Христи Бикоски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на второто коло од Супер лигата.

Левото крило имаше одличен натпревар во Куманово кај истоимената екипа и го водеше својот тим до два важни бода.

Бикоски немаше голема конкуренција на гласањето, освои околу 55% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше голманот на Пролет, Андреј Петковски со 23%.

Номинирани за МВП на 2. коло од Супер лигата беа уште Самоил Ристевски, Ласко Андоновски, Гал Цирар, Стефан Петриќ и Аби Обина.