Членот на Бутел Скопје, Димитар Узунчев, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 19. коло од Супер лигата.
Младинскиот репрезентативец одигра одлично на гостувањето во Струга и со осум погодоци го предводеше својот тим до важна победа.
Узунчев освои околу 44% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше членот на Радовиш, Петар Стојаноски, кој доби околу 39%.
Номинирани за МВП на 19. коло од Супер лигата беа уште Марко Срдановќ, Никола Митревски, Кристијан Анастасовски, Филип Кузмановски и Богдан Радивојевиќ.