Членот на Куманово, Давид Цветковски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 18. коло од Супер лигата.
Искусниот ракометар беше меѓу предводниците во триумфот над Пролет и натпреварот го заврши со четири погодоци.
Цветковски освои околу 66% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Здравко Постолов, кој доби околу 27%.
Номинирани за МВП на 18. коло од Супер лигата беа уште Милан Лазаревски, Благојче Трајкоски, Евгениј Темелкоски, Усама Хосни и Домен Тајник.