МВП НА 15. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА – ВЛАДАН КАСТРАТОВИЌ (ПРИЛЕП)

Средниот бек на Тиквеш, Владан Кастратовиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 15. коло од Супер машката лига.

Црногорскиот интернационалец заедно со Димитриоски и Цветаноски беше меѓу најзаслужните за триумфот на неговиот тим на гостувањето кај Пролет, постигна пет погодоци, но и подели многу асистенции.

Тој освои 56% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше голманот Ѓорѓи Николовски, кој освои 32% од гласовите.

Номинирани за МВП на 15. коло од Супер машката лига беа уште и Дарко Ѓукиќ, Дмитро Горига, Петар Атанасијевиќ, Филип Николов и Дејан Михајловиќ.