Левиот бек на Тиквеш, Богдан Мијушковиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 14. коло од Супер машката лига.
Црногорскиот интернационалец беше меѓу најзаслужните за триумфот на неговиот актуелен тим против неговиот екс тим, Струга, и постигна пет погодоци.
Тој освои 41% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше членот на Прилеп, Димитар Димитриоски, кој освои 34% од гласовите.
Номинирани за МВП на 14. коло од Супер машката лига беа Урош Митровиќ, Никола Стоилевски, Никола Митревски, Марко Стојковиќ и Славчо Шулески.


























