МВП НА 12. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – ИВАН АНГЕЛЕСКИ (ПРИЛЕП)

Членот на Прилеп, Иван Ангелески, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 12. коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.

Голманот, кој од натпревар во натпревар брани сѐ подобро, со 11 интервенции беше најзаслужен за победата над Куманово.

На гласањето Ангелески освои околу 55%, додека второпласиран со 17% беше десниот бек на Бутел Скопје, Филип Николов.

Номинирани за МВП на 12. коло од плеј-оф и плеј-аут фазата беа уште Коскуе Јасухира, Мице Шилегов, Гоце Ојлески, Денис Василев и Богдан Мијушковиќ.