МВП НА 11. КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА – ДАВИД ДИМЕВСКИ (КУМАНОВО)

Членот на Куманово, Давид Димевски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 11. коло од Супер лигата.

Младинскиот репрезентативец продолжи со одличните партии и на натпреварот против Радовиш беше еден од предводниците во својот тим.

Левиот бек му даде 11 гола на повратникот во суперлигашкото друштво, а зад своето име запиша и неколку асистенции.

Димевски освои околу 50% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше сениорскиот репрезентативец Мартин Серафимов со 37%.

Номинирани за МВП на 11. коло од Супер лигата беа уште Ласко Андоновски, Богдан Радивојевиќ, Хансер Родригез, Кристијан Анастасовски и Игор Арсиќ.