МВП НА 10. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА – МАРТИН ДИМОВСКИ (ТИКВЕШ)

Десниот бек на Тиквеш, Мартин Димовски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 10. коло од Супер машката лига.

Леворакиот кавадарчанец беше меѓу најзаслужните за убедливиот триумф на неговиот тим против Куманово на гостинските терен.

Тој освои 43% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше членот на „сино-белиот“ тим од Автокоманда, Марко Стојковиќ, кој освои 20% од гласовите.

Номинирани за МВП на 10. коло од Супер машката лига беа Петар Атанасијевиќ, Балша Чејовиќ, Јака Малус, Мохамед Азиз и Кристијан Пилиповиќ.