МВП НА 1. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА – БОЈАН СОЛЕВ (ПРОЛЕТ)

Голманот на Пролет, Бојан Солев, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 1 коло од Супер машката лига.

Чуварот на мрежата што летово го засили Пролет, беше одличен на мечот со Тиквеш и меѓу најзаслужните за триумфот.

Солев освои околу 68% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше членот на Куманово, Александар Стојков, кој имаше 21% од гласовите.

Номинирани за МВП на 1. коло од Супер машката лига беа уште Ловро Јотиќ, Христијан Митревски, Петар Атанасијевиќ, Мартин Серафимов и Кристијан Анастасовски.