МВП НА 1. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА – ТОШЕ ОНЧЕВ (КУМАНОВО)

Левиот бек на Куманово, Тоше Ончев, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 1. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.

Ончев беше меѓу најзаслужните за триумфот на домашниот натпревар против Струга, кој се чини дека е клучен во битката за опстанок.

Тој освои 36% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Никола Шипинкоски, кој освои 29% од гласовите.

Номинирани за МВП на 1. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига беа уште и Димитар Димитриоски, Жоао Педро Да Силва, Никола Граховац, Дарко Ѓукиќ и Марко Трајков.