Му нема рамен: Гидсел стана „крал на стрелците“ во историјата на ЕП!

Еден од најдобрите ракометари на денешницата, Матијас Гидсел, стана најдобар стрелец во историјата на Европските шампионати.

Данскиот десен бек даде седум погодоци против „панцирите“, а со новиот голгетерски учинок испиша и историја на континенталните шампионати.

Со овие седум гола, тој сега има вкупно 68 и го надмина Сагосен кој имаше 65 (ЕП 2020), а претходно и Лазаров кој имаше 61 (ЕП 2012)

Рекордери по број на голови на едно ЕП:

68 – Матијас Гидсел (Данска, 2026)
65 – Сандер Сагосен (Норвешка, 2020)

61 – Кирил Лазаров (Македонија, 2012)
61 – Франциско Кошта (Португалија, 2026)
59 – Омар Инги Магнусон (Исланд, 2022)

Данска владее со Европа!