Двократниот светски шампион репрезентацијата на Франција и екс претседател на француската ракометна лига, Бруно Мартини, остана без највисоката државна награда – Орденот за заслуги.
Одлуката е донесена по судската пресуда за Мартини, кој беше обвинет за заведување на малолетник во март минатата година.
Мартини призна дека контактирал со 13-годишник на социјалните мрежи, му испраќал експлицитни фотографии и истото го барал од него. Му понудил такси да го донесе во неговиот дом, но малолетникот за среќа се откажал од таа намера во последен момент.
За потсетуваање, прославениот ракометар беше осуден на една година условна затворска казна, односно парична казна од 2.500 евра и доби петгодишна забрана за вршење позиции поврзани со интеракција со малолетници, откако беше докажано дека „уценувал малолетник и чувал порнографска слика на малолетно лице“.
Мартини долги години го чуваше голот на Франција, а со „триколорите“ два пати стана светски првак, во 1995 на Исланд и шест години подоцна на домашен терен. 52-годишниот Мартини бранеше за Истр, Монпелје, ПСЖ, шпанските Теукро и Кангас, како и германските Вупертал и Кил…
СКАНДАЛОЗНО: Легендарен француски голман оди во затвор, уапсен е поради педофилија!
ИСПОВЕД на француска легенда: Не одбрав дрога и алкохол, туку секс – но не сум педофил!