Можен проблем за Вардар – се повреди Вукашин Воркапиќ!

Српскиот репрезентативец Вукашин Воркапиќ ќе го пропушти реваншот против Литванија во рамки на вториот бараж за СП 2027, откако се повреди на првиот меч во Ниш.

Членот на Вардар го напушти теренот во самиот финиш и имаше проблеми со движењето, по што селекторот Раул Гонзалез одлучи да не ризикува и да не го поведе на гостувањето во Литванија.

На негово место дополнително е повикан младиот ракометар на хрватскиот првак Загреб, Матеја Додиќ. Според првичните информации, повредата не е од посериозен карактер, но конечната дијагноза допрва ќе биде позната.

„Ми се воспали тетивата, ама верувам дека не е страшно“, изјави Воркапиќ за „Журнал“ по мечот.

Воркапиќ веднаш ги покажа своите квалитети во дресот на Вардар и неговото евентуално отсуство би можело да биде проблем за Иван Чупиќ пред решавачките средби на домашна сцена и на меѓународна во Лигата на Европа, но „црвено-црните“ ги имаат Гоце Георгиевси и Мигел Пинто на таа позиција.