ФОТО: РК Мелсунген

„Можеме да освоиме три титули оваа сезона“

Црногорскиот репрезентативец Небојша Симиќ заедно со тимот на Мелсунген одиграа одлично во првиот дел од натпреварувачката сезона 2024/25.

Тимот предводен од екс тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, беше големо изненадување во Бундес лигата и заврши како есенски шампион.

Покрај добрите настапи во Бундес лигата, Мелсунген одигра на ниво во Лигата на Европа и главната фаза ќе ја стартува со максимални четири бода.

Симиќ во интервју за црногорскиот портал ,,Лоб Спорт” изјави дека Мелсунген би можел да освои три титули во оваа сезона.

,,Мислам дека оваа година имаме шанса да освоиме титула на три фронта. Според мене, најголема шанса ќе имаме во Купот на Германија, каде за среќа во полуфиналето ќе се бориме со Балинген и сме големи фаворити за пласман во финалето, каде што ќе нѐ чека Кил или Рајн Некар”.