Германскиот вицепрвак Фуксе Берлин утре гостува во Битола кај Еурофарм Пелистер во натпреварот од второто коло во Лигата на шампионите.
Левиот бек на „лисиците“, Пол Друкс, го знае рецептот за победа во Битола – силни нерви и ладни глави.
„Патуваме во Битол со добро чувство. Против Веспрем значително се подобривме во споредба со натпреварот во Купот и генерално одигравме добар натпревар. Со победата на домашен терен против Лајпциг успеавме да собереме уште едно позитивно чувство. Ни претстои нашето прво гостување во Лигата на шампионите, што значи дека дефинитивно треба да имаме силни нерви и ладни глави – особено против противник како Еурофарм Пелистер. Од една страна, ни претстои едно напорно патување, но од друга страна, таму може да очекуваме пеколна атмосфера. Ако ја одиграме нашата игра, сигурно имаме добри шанси да ги собереме првите два бода“, вели Друкс.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин се игра утре во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.