Екипата на Монпелје ја доби драмата со Висла Плоцк, славеше со три гола разлика, 30:27, во натпревар од третото коло од Лигата на шампионите.
Иако полскиот вицепрвак водеше во првиот дел со минимална предност, дозволи домаќинот да фати ритам во вторите 30 минути.
Монпелје до победата дојде во последните три минути кога од 27:27 постигна три гола во низа, со што се израдува на првата победа во европската елита.
Одлична партија во дресот на Монпелје имаше репрезентативецот на Египет, Елсајед Мохам, постигна девет погодоци.
Кај Висла Плоцк се истакнаа Миха Зарабец и Ловро Михиќ со по шест погодоци.