ФОТО: PSG

Монпелје на шопинг кај најголемиот ривал

Според пишувањата на реномираниот L’Est Republicain, левото крило на ПСЖ, Лео Плантин, најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Монпелје.

За 21-годишниот ракометен талент постои голем интерес од француските клубови, а според информациите младиот ракометар во Монпелје би останал најмалку три сезони.

Плантин, кој во првиот тим на „светците“ беше  прекомандуван минатата година, добива мала минутажа во тимот на Раул Гонзалез.

Во Монпелје би бил замена за Шпанецот Хаиме Фернандез и би имал повеќе минутажа на домашна и меѓународна сцена.

Како што е познато, во тимот на Монпелје следната сезона ќе пристигнат Звонимир Срна, Агустин Касадо и екс вардарецот Рожерио Мораеш.