По двата порази во серија кај Трембле во францускиот шампионат и кај Елверум во Лигата на Европа, Монпелје се врати на победничките патеки.
Ривалот на Вардар во четвртфиналето од Лигата на Европа славеше против Данкерк со убедливи 38-27.
Предводени од голманот Дебоне со 18 одбрани (45% успешност), како и искусните десно крило Балагер (седум гола) и десен бек Порт (шест гола, домашните лесно го решија Данкерк.
Сега Монпелје го чека полуфинале од Купот на Франција против ПСЖ и гостување кај Нант во рамките на првенството, а пред двомечот со Вардар ќе играат и со Екс Ан Прованс.








