Тимот на Монпелје го освои трофејот во Купот на Франција, откако славеше против ПСЖ со 36-35 по ударите од седум метри.
Јунак на Монпелје беше голманот Реми Дебоне, кој го одбрани ударот на Омар Јахја, па „фараонот“ стана трагичар на ПСЖ.
Претходно на полувремето Монпелје водеше со гол разлика, 17-16, но мечот во регуларниот дел заврши реми, 28-28.
Во пенал серијата, тимот на Раул Гонзалес беше поразен со 8-7, па Монпелје се радуваше на трофеј после седум години.
Во 2018 година, Монпелје ја освои титулата во Лигата на шампионите, и оттогаш до сега немаше ниту едно славје, но сега постот е прекинат.