Моника Талевска се враќа на кормилото на Пелистер

Тимот на Пелистер доби нова предводничка – Моника Талевска се враќа на клупата на битолчанки по двегодишна пауза.

Таа го предводеше Пелистер пред две сезони, но паузираше поради мајчинство, а за тоа време на клупата беа Адријано Котевски и Борче Корлевски.

Талевска сега одново се враќа на клупата и ќе се обиде да ја продолжи успешната низа на настапи на битолскиот тим кој ќе игра во Супер лигата.

Битолчанката е дете на Пелистер, играше за Феникс и Металург во играчката кариера, а сега во матичниот клуб ќе ја гради и тренерската кариера.

Пелистер остана без Анастасија Дамјановска, Моника Босилковска, Наталија Дишковска и Дона Маркоска, а досега се засили со Симона Спиркоска, Ана Стојчевска и Невена Бундоска.