По блескавата играчка кариера и стартот на тренерската кариера во Веспрем, Момир Илиќ сега е тренер на германскиот Вецлар.
Српскиот стратег вели дека работи со голема страст и дека дисциплината е клучен дел од неговата филозофија.
„Имам каталог на казни, а во Вецлар таа за жалба изнесува 200 евра. Но морам малку да ја зголемам,“ изјави Илиќ низ смеа, нагласувајќи дека строгост и редот во екипата се неизбежни.
Поранешниот капитен на Србија додава дека постојано се подготвува, бележи и анализира сè за да има одговор на секое прашање на играчите.
„Ако немам одговор – губам авторитет,“ вели Илиќ.
И покрај тоа што бара совет од големи имиња како Сеад Хасанефендиќ, Звонимир Нока Сердарушиќ и Алфред Гисласон, Илиќ истакнува дека веќе го гради својот систем и сопствен идентитет како тренер.