Моќните клубови во Франција сè повеќе вложуваат во женскиот ракомет

Некои од најголемите ракометни клубови во Франција сега сè повеќе се насочуваат кон развој на женскиот ракомет. Клубови како Ним, Монплеје, Шамбери…преземаат значајни чекори за унапредување на своите женски екипи, вклучувајќи засилена работа со младинските категории и воспоставување партнерства со помали локални клубови, пишува „Handnews“.

Шамбери неодамна објави партнерство со клубот Ла Моте Сервол кое ќе започне со сезоната 2025/26.

Ним веќе сериозно инвестираше во својата женска екипа. Клубот ја возобнови женската екипа пред три години, а оттогаш се искачи за три дивизии и во следната сезона ќе настапува во Втората по ранг француска лига. Во клубот владее голема амбиција за женскиот тим, а веќе е обезбедена и солидна финансиска поддршка.

Женскиот тим на Монпелје следната сезона ќе игра во Третата дивизија. Клубот се засили во зимскиот период со искусни играчи од највисоките лиги, а истовремено го зајакна и својот буџет, па во иднина сигурно ќе слушаме за женските секции на овие француски екипи.