Каталонскиот гигант Барселона си замина од Битола со триумф со 34-30, но македонскиот првак Еурофарм Пелистер пружи достоен отпор.
Стратегот на Барса, Карлос Ортега, ја потенцира атмосферата што се создава во Битола, но упати пофалби на адреса на Филип Кузмановски, со кој соработуваа во германскиот Хановер.
„Беше задоволство да се игра на ваков терен пред овие навивачи, ми доаѓа пак да бидам играч во овие услови. Домашната публика навистина притиска и сите екипи сигурен сум дека ќе имаат тука проблеми. Против нас го имавме и мојот поранешен играч Филип Кузмановски, сега Кузмановски е веќе зрел играч, лидер на екипата, игра извонредно со пивот и токму тој е она што му треба на Еурофарм Пелистер. Ми беше драго што повторно го видов“, вели Ортега.
Следен предизвик за Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите ќе биде гостувањето кај европскиот првак Магдебург.