Екипата на Младост Ресен ќе учествува на престижниот меѓународен ракометен турнир во Бјелина во Република Српска на кој ќе учествуваат 85 екипи од цела Европа.
Македонскиот тим ќе учествува во машка конкуренција и ќе има одлична можност да го претстави градот Ресен и државата.
Покрај Младост Ресен, на турнирот учествуваат екипи од Србија, Хрватска, Унгарија, Полска, Црна Гора и уште многу други.
Освен Младост Ресен, Македонија во Бјелина ќе биде претставена и од судиската двојка Николче Даскаловски и Лубомир Ќулумовски.