Ракометарите на Младост Богданци во натпревар од 7. коло од Првата лига славеше на гостувањето кај Драчево со 34:32.
Младост Богданци со новата победа го сочува лидерското место во групата А, сега има четири бода повеќе од Јехона и Драчево, кои се наоѓаат на второто, односно трето место.
Тимот од Богданци победата ја најави уште на самиот старт кога влезе во брзина и бргу дојде до резултатска предност од 6:2.
Домаќините даваа сѐ од себе за да се вратат во игра, но гостите никако не ја испуштаа предноста. Гостите кон средината на првото полувреме зголемија на 11:5 и во финишот од првиот дел имаа мал пад, кој резултираше со неколку закани од страна на составот предводен од Настевски.
Тимот на Драчево успеа да преполови дел од негативата, на моменти губеше и со девет разлика (14:5) и пред крајот на полувремето се консолидира, и по водството на гостинот од 17:11, врза три гола во низа и се доближи на 17:14. Гостите со голот на Каркалашев на полувреме заминаа со плус четири, 18:14.
Избраниците на Минев вториот дел го стартуваа со два гола, кои беа дело на Роглев, и по пет минути игра имаа 20:14. До крајот растеше предноста на Младост, домашниот тим успеа да се доближи во финишот, ја стопи предноста на гостите, но не успеа да направи целосен камбек.
Најефикасни во победничката екипа беа Никола Роглев со 12 и Ѓорѓе Ѓуриќ со осум погодоци. Кај Драчево прв стрелец бешe Филип Дабевски со осум погодоци, пo седум постигнаа Ѓорѓи Дука и Димитар Петковски.