Младост на шопинг во Супер лигата – го донесе средниот бек Орешков

Откако го продолжи договорот со младинскиот репрезентативен голман Благој Панов, тимот на Младост Богданци го промовираше првото засилување.

Станува збор за средниот бек Ѓорѓи Орешков, кој се обврза на договор со тимот од Богданци на една сезона.

Орешков доаѓа од Вардар Неготино, каде што беше еден од лидерите на клубот и еден од најдобрите стрелци.

Иако млад играч, Орешков собра големо искуство низ настапите за неготинскиот тим во суперлигашката конкуренција и ќе биде од големо значење за Младост во борбата за елитата.

Богданчани го задржаа скоро целиот ростер од минатата сезона, освен искусниот Никола Роглев, кој ја заврши играчката кариера.