Амбициозниот прволигаш Младост Богданци, на чие кормило е Горан Андоновски, закажа седум теста пред стартот на официјалните натпревари.
Тимот од Богданци ќе игра по два пати со Радовиш и Куманово, потоа Еурофарм Пелистер 2, а два меча ќе бидат одиграни против грчката екипа Филипос Верија.
Овие два натпревари ќе се играат на 4 и 9 септември, и ќе бидат генерална проба пред стартот на прволигашката конкуренција.
Од таборот на Младост Богданци и информацијата дека младинците на овој клуб ќе бидат дел од меѓународниот турнир „Атанас Карабељов“ кој ќе се одржи во Гоце Делчев во Бугарија, а ќе играат екипи од домаќинот, Македонија, Грција и Романија.