Младост како на тренинг ја совлада Преспа Вардар

Екипата на Младост Богданци на свој терен оствари рутинска победа против Преспа Вардар со 37:12 во натпревар од третото коло во Првата лига.

Домашната екипа одигра фуриозно во првото полувреме, во кое прими само четири, а постигна дури 16 погодоци.

Гостинот од Ресен уште во првите петнаесетина минути заостануваше на голема негатива, па така високиот пораз беше неизбежен.

Најефикасен во домашниот тим беше Ѓорѓе Атанасов со десет погодоци, четири помалку постигна Илија Чрчев.

Кај Преспа Вардар се истакнаа Филип Шиклевски со четири и Бојан Поповски со три погодоци.