Екипата на Младост Богданци со победата над Македонија ЃП од 36:30 го презеде првото место во групата Б од прволигашката конкуренција.
За тимот од Богданци ова беше 7-ми сезонски триумф во новата натпреварувачка сезона, со новите два бода дојде до 14 на свое конто, исто толку има и Скопје, додека Македонија ЃП остана на бод помалку – 13.
Домаќините на полувреме имаа предност од 16:13, а во вториот дел дојдоа до поизразена разлика, која на крајот изнесуваше шест гола. Гостите во првото полувреме парираа колку што можат и колку им дозволуваше домашниот тим, но во вторите 30 минути Младост конснатно беше во солидна предност.
Најефикасни во победничката екипа со по шест гола беа Димитар Пеев и Антонио Николоски. Во поразениот табор се истакна Бојан Божиновски со осум гола, а го следеше Никола Иванов со седум реализации.
Младост Богданци во следното коло е слободен, а Македонија ЃП против Партизан ќе бара рехабилитација за денешниот пораз.