Младост го наполни голот на Шампион

Екипата на Младост Богданци во натпревар од 9. коло од Првата лига славеше против Шампион со 37:21.

Домаќините до победата дојдоа со одличната игра во вториот дел, откако на пауза имаа минимални плус два, 14:12.

Гостите поради кратката клупа останаа без муниција во вториот дел, па така домашниот тим започна постепено да ја зголемува предноста за конечни плус 16 разлика.

Младинскиот репрезентативец Антонио Николоски беше најефикасен во победничката екипа со осум гола, а го следеше Ѓорѓе Ѓуриќ со шест.

Во поразениот табор Илија Пејковски беше шутерски расположен, натпреварот го заврши со десет гола.

Овче Поле и Јехона одиграа драматичен натпревар, а по 60 минути игра резултатот беше нерешен, 27:27 (10:12).

Голот за поделба на бодовите беше дело на ракометарот од Јехона, Ерлис Селмани, кој во последната секунда му донесе бод на тимот од Гостивар.

Најефикасен кај Овче Поле беше Иван Димчевски со 11 гола, кај Јехона се истакна Адис Салиу со девет гола.