Тимот на Младост Богданци славеше против Јехона со 39-30 во последниот натпревар од 9 коло во прволигашкиот плеј-оф.
Иако богданчани немаа шанси за второто место и баражот, сепак одиграа на ниво против тимот од Гостивар.
Домашните отворија со 4-0, беше и 5-1 и до паузата избраниците на Стоилов стигнаа до плус седум, 22-15.
Второто полувреме беше само формалност и прашање беше само со колкава разлика ќе триумфира домашниот тим.
Најдобри стрелци кај Младост Богданци беа Прчев со седум, како и Атанасов и Гогов со по шест погодоци, додека кај Јехона се истакна искусниот Салиу со 13 гола.