Прволигашот Младост Богданци го промовираше третото засилување пред стартот на новата прволигашка сезона во која влегува со суперлигашки амбиции.
Станува збор за бекот Саше Михајловиќ, кој последните две сезони ги мина во тимот на Вардар Неготино.
Михајловиќ е дете на Младост Богданци, а по две сезони настапи во елитната конкуренција се враќа во матичниот клуб да помогне во битките за Супер лигата.
Претходно Младост го продолжи договорот со чуварот на мрежата Благој Панов, а ги донесе пивотот Андреј Шулевски и средниот бек Ѓорѓи Орешков.