Тимот на Младост Богданци го доведе првото засилување за претстојната полусезона и пред борбата за Супер лига.
Станува збор за искусниот 28-годишен пивот Славе Џалев кој доаѓа од Партизан Гевгелија, а потекнува од Богданци.
Џалев треба да ја засили одбраната, и со своето искуство да даде свежина во нападот, а во тимот исто така по три месечна пауза се враќа и Стојан Наумовски.
Клубот го продолжи договорот и со уште двајца играчи од првиот тим, младинските репрезентативци Илија Чрчев и Душан Каркалашев кои ја продолжија верноста кон матичниот клуб.
Сениорскиот тим влегува во третата фаза од подготовки каде следуваат повеќе пријателски натпревари и тоа против суперлигашки екипи.