Амбициозниот прволигаш Младост Богданци славеше прв триумф во третиот пријателски натпревар во претсезоната.
Избраниците на Горан Андоновски го победија суперлигашот Радовиш со убедливи десет гола разлика, 38-28.
Шанса за докажување добија сите играчи од составот на Младост Богданци, а за одбележување беше деби натпреварот на бразилскиот интернационалец Жоао Габриел.
Тој уште на првиот натпревар се наметна, ги покажа своите лидерски способности и дека ќе биде еден од главните играчи во составот на Андоновски.
Следната проверка на Младост Богданци ќе биде в среда против суперлигашот Куманово.