Младост Богданци се засили со десен бек пред борбите за Супер лига

По Уча Гамзардија и Борјан Цековски, прволигашот Младост Богданци донесе уште едно засилување пред стартот на прволигашкиот плеј-оф.

Станува збор за десниот бек Симон Мирчевски, кој доаѓа од тимот на Еурофарм Пелистер 2.

Претходно настапуваше и за составите на Прилеп и Металург, а беше и младински репрезентативец на Македонија.

Тој ќе остане во Богданци најмалку до крајот на оваа сезона, во која тимот на Младост има големи амбиции за камбек во елитната конкуренција.