Младост Богданци се раздели со тројца играчи

Тимот на Младост Богданци се раздели со тројца ракометари што играа во прволигашот минатата сезона.

Членови на тимот од Богданци не се повеќе средниот бек Уча Гамзардија, како и кружните напаѓачи Борјан Цековски и Андреј Шулевски.

Гамзардија и Цековски дојдоа на позајмици од составот на Куманово, додека Шулевски дојде од младинската екипа на Еурофарм Пелистер.

Во новата сезона Младост Богданци ќе влезе со големи амбиции да избори место во суперлигашкото друштво.

За таа цел го ангажираше тренерот Горан Андоновски, а допрва треба да биде склопен и играчкиот мозаик.