Тимот на Младост Богданци победнички ја заврши сезоната во прволигашката конкуренција во плеј-офот.
Избраниците на Митко Стоилов славеа на гостувањето кај Овче Поле во Свети Николе со седум гола разлика, 32-25.
Гостите од Богданци поведоа со 6-1 и веќе беше јасно каков тек ќе има натпреварот, а на пауза Младост имаше плус шест, 19-13. Вториот дел беше само формалност.
Најдобри стрелци кај победникот беа Симон Мирчевски со осум гола и Ѓорѓе Атанасов со пет погодоци, а во составот на Овче Поле се истакна Иван Димчевски со шест гола.