Mладост Богданци не успеа да освои бодови во Автокоманда

Тимот на Младост Богданци не успеа да освои бодови на гостувањето во Автокоманда кај „витамините“, а домаќинот славеше со 30-26.

Иако гостите на стартот ја имаа предноста со 6-4, домашните направија пресврт и до паузата обезбедија залиха од пет гола, 14-9.

Во вториот дел ниту еднаш богданчани не намалија на помалку од три гола негативата и домаќините заслужено се радуваа на бодовите.

Најдобар стрелец во победничката екипа беше Јован Петрески со осум погодоци, додека исто толку даде Антонио Николоски.

Младост Богданци сега е на четвртото место со 16 бодови и мали шанси да стигне до втората позиција на табелата која води во баражот за Супер лигата.