Младост Богданци го реши Скопје – останува на врвот во Првата лига

Тимот на Младост Богданци запиша нов триумф во групата Б од Првата лига, откако славеше против Скопје со убедливи 32-21.

Со оваа победа богданчани остануваат на делбата на првото место на табелата со Македонија Ѓорче Петров и имаат по 21 бод.

Домашните во салата „Млаз“ поведоа со 6-0 и беше јасно каков тек ќе има овој натпревар, а на паузата беше 16-10.

Вториот дел беше само формално одработување на задачата и шанса за настап добија сите ракометари.

Најдобри стрелци кај победникот беа Пеев, Цековски и Наумовски со по пет гола, а кај Скопје се истакна Симоновски со четири погодоци.

Во следното коло Младост Богданци гостува кај Вардар Неготино, а Скопје ќе го пречека Партизан Гевгелија.