Амбициозниот прволигаш Младост Богданци на прославата од 48 години постоење одигра пријателски натпревар против суперлигашот Куманово.
Момците на Аце Станковски триумфираа со 31-30, иако во најголемиот дел од натпреварот беа во негатива.
Домаќините водеа и со пет голови разлика во текот на првиот дел, а на пауза водеше со 16-12, додека во вториот дел гостите направија пресврт.
Најдобри стрелци кај Младост Богданци беа Даниел Андоновски со осум гола и Лазар Адамовиќ со шест погодоци.