Тимот на Младост Богданци го донесе четвртиот нов ракометар пред стартот на новата прволигашка сезона.
Станува збор за младиот Благој Христовски, кој доаѓа од младинскиот погон на Еурофарм Пелистер и настапува на левата бековска позиција.
Тој беше втор стрелец во минатата сезона од македонската младинска лига и постигна 193 погодоци.
Богданчани претходно ги донесоа пивотот Андреј Шулевски од Еурофарм Пелистер, како и Саше Михајловиќ и Ѓорѓи Орешков од Вардар Неготино кои ја засилија бековската позиција.
Младост Богданци ќе биде во групата Б со Скопје, Вардар Неготино, Преспа Вардар, Шампион, Македонија Ѓорче Петров, Драчево, Партизан Гевгелија и Текстилец.