Младост Богданци пред својата публика одигра фуриозно против Преспа Вардар и триумфираше со 34:17 во натпревар од прволигашката конкуренција.
Домаќините одиграа одлично во двете полувремиња, а победата ја обезбедија уште во првиот дел, кој го добија со плус десет, 17:7.
Ристе Пеев со пет погодоци ја предводеше листата на стрелците во победничкиот табор, еден гол помалку имаа тројца ракометари: Ѓорѓе Атанасов, Стамен Гогов и Симон Мирчески.
Во редовите на Преспа Вардар, прво име беше Иван Костовски, кој запиша шест погодоци.
Македонија ЃП се радуваше на нова победа, откако го совлада Шампион со четири гола разлика, 30:26 (16:14).
Најефикасен во домашниот табор беше Михајло Костовски со шест погодоци, пет имаше Бојан Чакалиќ, а четири имаше Марко Станојоски.
Кристијан Ѓоргиев и Ненад Богоевски беа први стрелци во поразениот табор со по седум погодоци.