Младост Богданци доби уште едно дерби и се „зациментира“ како лидер

Богданци е на добар пат повторно да има суперлигашки статус откако го доби и четвртото дерби, во првата лига, овојпат на домашен терен против Драчево 38-26 (16-12). Младост е лидер на табелата со максимални 18 бода, четири повеќе од второпласираниот Вардар Неготино.

Мечот требаше да биде дерби на колото во Прва лига, но високиот резултат во корист на домаќините, особено нивната одлична игра во второто полувреме придонесоа богданчани полесно од очекувањата да ги освои бодовте.

Тројца играчи на Младост ја „наполнија мрежата“ на гостите постигнувајќи заедно ???? гола. Даниел Андоновски беше двоцифрен, постигна 11 гола, Зоран Стојановски даде 9, а Лазар Адамовиќ 7 гола.

За Драчево ова е втор пораз сезонава, откако претходно загуби во Неготино до Вардар. И покрај поразот Драчево останува на 4 место со 14 бода, и во моментов три екипи имаат ист број бодови.

Две различни полувремиња имаше во Богданци, прво во кое гостите се држеа, имаа резултатски приклучок, иако на одмор се замина со резултат 16-12. Тоа беше најава дека Младост е на пат да победи, но мутреба само „скок“ за да направи резултатско бегство.

Во вториот дел, откако гостите добија црвен картон и Антонио Николовски мораше да се пресели на трибините, како да се распадна одбраната на Драчево. Од тие „минус 7“ кои ги имаше Драчево во 39 минута, резултатот се зголеми на 30-18 во 49 минута. Немаше време за пресврт, немаше ни можност тоа да го сторат гостите.

Кај гостите најпрецизен беше Ѓорѓи Дука со 4 гола.

Во следното коло Драчево е домаќинна Јехона, а Младост гостува кај аутсајдерот Шампион.