Младост Богданци броеше до 57 против Кичево

Тимот на Младост Богданци ја запиша петтата победа во пет меча од прволигашката конкуренција и останува на лидерското место.

Избраниците на Горан Андоновски славеа убедливо против составот на Кичево со 57-13, на натпревар што како гости го одиграа во својата сала „Млаз“.

Богданчани уште по првиот дел направија огромна залиха од 22 гола, 27-5, а во вториот дел шанса добија сите ракометари за настап.

Најефикасен беше Ѓорѓе Атанасов со 13 погодоци, а по седум гола имаа Мартин Стојановски и Антонио Николоски.

Во тимот на Кичево по три гола постигнаа Бошковиќ и Стерјоски. Во следното коло Младост Богданци ќе игра дома со „витамините“ од Автокоманда, додека Кичево ќе гостува кај Јехона.